ВЕСТИЗДРАВСТВО

Како се развива говорот кај децата


Говорот кај децата е една од најочекуваните вештини од страна на родителите. Тоа е активност поврзана со нивниот целокупен развој и има влијание врз развојот на интелектуалните вештини. Со зборувањето, се развива мислата и добива на чистина и целост.

Децата ги кажуваат прво работите кои научиле дотогаш. Ако родителите сакаат децата правилно да го развијат говорот, во тој случај мора да внимаваат на извесни услови, а за тоа да биде како што треба потребно е имаат здрав нервен систем. Потребно е да ги следат и психофизичките функции како што се: внимание, помнење, перцепција и мисловниот процес.

Во периодот од два до 18 месеци, детето ќе биде во можност да употреби од 1 до 5 зборови. Тогаш тоа го разбира значењето на говорот, го комбинира со гестови за да може да се искаже. Од 19 до 24 месеци бројката на зборови со кои располага е околу 200, а употребува од 50 до 75 % од нив. Најчесто тоа се именки кои означуваат предмети од секојдневието. Со време ќе научи да спојува зборови, а потоа и реченици со три зборови.

Од втората до третата година, речникот се збогатува со 300 зборови, а разбира приближно 900. Ќе знае да одговори на едноставни прашања и комуникацијата ќе оди полесно. После наполнети три години детето ќе биде способно да води разговор, ќе знае да користи интонација во зборувањето. Ова е периодот кога и останатиот свет, покрај родителите, ќе разбира што малечкото кажува.

Тоа што треба да го запамтат родителите е дека не треба да ги присилуваат децата на ништо, но од друга страна будно да го следат нивниот развој. Само така ќе бидат во тек со секој промена која следи во нивниот живот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button