

Алсат
30.07.2020 08:19
Внесување на големи количини сол во организмот е ризик за зголемување на крвниот притисок и за срцеви заболувања, но по новите истражувања на стручните лица од Канада и внесување на мало количество на сол може да е исто толку штетно.
Неодамна, стручните лица објавија истражување кое потврдува дека премалото внесување на сол во организмот во споредба со просечното, може исто така да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.
Тие ги анализираа резултатите на повеќе од 130 илјади испитаници од 49 земји во споредба со нивното внесување на сол и со стапка на срцеви напади и удари.
Откриено е дека повеќето од луѓето консумираат мало количество на сол, а тоа отприлика е 3 гр. дневно или еднакво на една кафена лажичка.
Главниот автор на студијата Ендру Менте, од медицинскиот факултет на универзитетот во McMaster во Канада, вели дека само личностите со висок крвен притисок треба да го намалат количеството на сол што го внесуваат во организмот.
Во ова истражување, дневната доза за внесување на сол во организмот е направено на база на локацијата – земјата каде што живеете.
На пример во САД се препорачува 2,3 гр дневно, Британија 6 гр дневно, Хрватска 5 гр, Македонија не повеќе од 5,8 гр внесување на сол во огранизмот.
Истражувачите од тимот велат дека некои препораки се прениски, но дека се многу важни за поединци со висок крвен притисок.
“Нашите податоци ја нагласуваат важноста на намалувањето на сол во организмот кај луѓето кои страдаат од хипертензија, но не го поддржуваат многу ниското внесување на сол во организмот” -вели Ендру Менте.
“Студијата препорачува умерена употреба на сол”, изјави вториот автор Мартин О’Донел.