МАКЕДОНИЈА

Каква е судбината на преминот Лојане-Миратовци? – Бујар Османи со компликуван одговор

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во „Патот кон“, кај Адријан Керими, на прашањето за судбината на границата Лојане-Миратовци, рече дека почнал да губи надеж, пишува Алсат.

„Почнав да губам надеж да бидам искрен, иако Србија еднаш почна добро да одговара, донесоа закон во парламентот, беа во Скопје и го потпишаа договорот со мене и веднаш ги прекинаа активностите. Но, сега наеднаш покажаа интерес, нашите екипи се сретнаа пред три дена на Табановце и дадоа збор дека наскоро ќе се придвижат работите, при што првично ќе биде за неколку околни села“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button