ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Какво време нѐ очекува на Новогодишната ноќ и деновите потоа

Магла или ниска облачност ќе има утре претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Advertisements

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде претежно сончево и тивко.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информираат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Од недела до четврток минималната температура ќе се движи од -4 до 6 степени, а максималната од 8 до 18 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button