МАКЕДОНИЈА
Калајџиев: Комисијата за помилување не призна грешка, како што тврди Мицкоски

Комисијата за помилување не призна грешка, како што тврди Мицкоски, туку дека се држи до принципи.

Ова како коментар под објава на својот фејсбук-профил го пишува професорот Гордан Калајџев, кој пред два дена поднесе оставка од член на Комисијата за помилување заедно со останатите членови на ова тело.
Реакцијата на Калајџиев следува по вчерашната прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски, на која, коментирајќи ја колективната оставка на членовите на Комисијата за помилување, оцени оти на тој начин ја констатирале направената грешка и оти е доблесно да преземат одговорност.