СВЕТ
Калас: Израел ја премина линијата во самоодбрана

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека Израел „ја преминал линијата“ во својата самоодбрана, додавајќи дека Европската унија обезбедила дополнителна финансиска поддршка од 1,6 милијарди евра за Палестинците.
„Израел има право да се брани, но неодамнешните настани јасно покажуваат дека границата е надмината и дека човечките загуби се огромни и застрашувачки“, изјави Калас за италијанскиот весник „Република“.
Таа додаде дека безбедноста на Израел не може да се обезбеди без почитување на правата на Палестинците, „поради што ЕУ го поддржува решението со две држави“.