ВЕСТИСВЕТ

Камала Харис денеска нема да се обрати пред поддржувачите

Кандидатката на демократите и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис, нема да се обрати пред нејзините поддржувачи на Универзитетот Хауард. Таа за изборните резултати се очекува да зборува утре, соопштуваат од нејзиниот тим.

Advertisements

„Имаме уште гласови за броење. Имаме уште држави кои се уште не се готови. Ќе продолжиме во текот на ноќта да следиме за да се осигураме дека секој глас ќе се брои, дека секој глас ќе биде избројан“, рече Седрик Ричмонд, копретседател на нејзиниот изборен штаб пред поддржувачите собрани на Универзитетот Хауард.

Од друга страна, пак, нејзиниот противкандидат Доналд Трамп се обрати пред неговите поддржувачи откако првичните проекции од резултатите на изборите покажуваат дека тој ќе биде 47. претседател на САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button