ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камбовски: Ќе се разгледува секој предмет и ако има пропуст ќе се санкционира

Претседателот на Судски совет Александар Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената политика на судовите треба да биде предмет на сеопфатна анализа.

Advertisements

„Се работи за случај кој што ја потресе целата држава, сите сочуство изразуваме до семејството. Не би сакал сега во вакви моменти на чувства што ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или заклучоци. Не е добро да се прават такви некои брзи промени во законот“, рече Камбовски прашан за реакцијата кај јавноста во врска со случајот со Фросина Кулакова, која беше жртва на сообраќајна несреќа.

Во врска со тоа дека судијката Даниела Алексоска-Стојановска дала преблага казна во претходен случај за сторителот на ова дело и дали ќе се истражува нешто околу целата ситуација, тој истакна дека не е запознаен со случајот, со тоа кои биле доказите и каков бил настанот.

Не сакаше да коментира во врска со одлуката се додека не го види целиот предмет, но рече дека ќе се разгледува секој случај каде има пропусти.

„Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам никој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат“, вели Камбовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button