ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камбовски: Не може да има независно судство ако тоа е финансиски зависно од друга власт

Не можеме да зборуваме за независно судство доколку тоа е финансиски зависно од некоја од другите власти, вели претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Тој ова го кажа во изјава за медиумите по отворањето на денешната конференција на тема „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“, организирана од Здружението на судии на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Advertisements

Финансиската автономија на судот беше и во фокусот на негово обраќање на конференцијата, во кое кажа дека независноста на судството не е привилегија на судиите, туку суштинска гаранција за правата и слободите на граѓаните.

„Судот не може да биде независен ако не располага со финансиска автономија. Реформите мора да значат суштински промени, не само законски измени, туку промена во организацијата, пристапот и менталитетот во системот“, рече тој во излагањето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button