
Американската актерка Камерон Дијаз во неодамнешното појавување на самитот на најмоќните жени на Fortune откри зошто се повлече од светот на актерството пред десет години.
Последните филмови во кои актерката се појави се Annie, The Sex Tape и The Other Woman.
Актерката ќе се врати во филмскиот свет следната година, во акционата комедија на Netflix, Back in Action, заедно со Џејми Фокс. Тоа ќе биде прв филм во кој се пјавува по 11 години. Како што објасни додека зборуваше на самитот, таа се повлекла од Холивуд за да посвети повеќе време на своето семејство и да започне неколку претприемачки проекти.
„За мене тоа беше неопходна работа. Чувствував дека морам да го сторам тоа за да ја вратам контролата над мојот живот. И, искрено, не ми беше гајле за ништо друго”, рече Дијаз додека ѝ се обраќаше на публиката во најмоќните жени на Fortune.
Таа исто така објасни дека ниту една од понудите што ги добила во тоа време не била доволно добра за да ја промени нејзината одлука.
„Ниту едно мислење, никаков успех, ниту една понуда или нешто друго не можеше да ја промени мојата одлука да се посветам на грижата за себе и градењето на животот што навистина го посакував. Сè се сведува на прашањето: За што имате најголема страст? За мене, тоа беше создавање семејство“, додаде актерката.
Акционата комедија Back in Action доаѓа на Netflix на 17 јануари 2025 година, а заплетот следи двајца поранешни шпиони на ЦИА, кои ќе ги играат Џејми Фокс и Камерон Дијаз. Овие поранешни шпиони мора да се вратат во светот што го оставиле откако биле откриени нивните тајни идентитети и биле загрозени нивните животи.
Филмот го режираше Сет Гордон, а во него играат и Ендрју Скот, Глен Клоуз и Кајл Чендлер, пренесува Variety. Засега е објавена само фотографија од филмот во кој се Дијаз и Фокс.