МАКЕДОНИЈА

Камиловска-Трповска: Зошто проект за доброто на граѓаните се третира како таен?

За менаџерката во Македонскиот центар за меѓународна соработка, Снежана Камиловска Трповска, несфатливо е зошто договорот со Бехтел и Енка се третира како таен бидејќи, како што вели таа во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, станува збор за проект за јавно добро, односно за потребите на граѓаните.

Advertisements

„Реториката дека имало бизнис, деловни тајни, коишто се потребни на Бехтел и Енка сметам дека не се соодветни и дека не треба да бидат користени во оваа терминологија од причина што ова е договор којшто и самата влада вели, е за јавно добро. Тоа е голема инфраструктурна капитална инвестиција. Од тука се поставува прашањето – зошто имало потреба владата да класифицира било каков договор којшто е за јавното добро, за доброто на граѓаните“, вели Камиловска Трповска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button