ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Кампања за побезбеден сообраќај во текот на летото е промовирана денеска на граничниот премин „Богородица”
Кампања за побезбеден сообраќај во текот на летото е промовирана денеска на граничниот премин „Богородица"

Кампања за побезбеден сообраќај во текот на летото е промовирана денеска на граничниот премин „Богородица”, а присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангелов.
Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин „Табановце“ до Гевгелија и во двата правци, се наведува во соопштението, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици.