СПОРТФУДБАЛ

Kанадскиот репрезентативец ќе направи трансфер надвор од Франција

Џонатан Дејвид (25), објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Лил. Тогаш му истекува и договорот со францускиот клуб. Иако засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, се шпекулира дека канадскиот репрезентативец ќе направи трансфер надвор од Франција – и тоа во некој од најголемите европски гиганти, што според многумина е логичен следен чекор.

Advertisements

Дејвид постигна дури 109 гола на 231 натпревар за „договите“, од кои 24 се оваа сезона, што само го потврдува неговиот квалитет и континуитет. Во клубот пристигна во 2020 година како замена за Виктор Осимен, а првиот гол го постигна дури на својот 14. настап – по што започна да „тресе мрежи“ редовно.

„Знам дека не започнав најдобро, но вие секогаш бевте тука, ми дадовте поддршка кога ми беше најтешко“, напиша напаѓачот на својот Инстаграм профил.

Дејвид претходно играше за Гент во Белгија, а денес важи за еден од најконзистентните голгетери во францускиот шампионат i оваа сезона е четврти стрелец, лани беше втор, а претходната трет.

Остави силен впечаток и во Лигата на шампионите – со неговите голови Лил ги совлада Реал Мадрид (1-0) и Атлетико Мадрид (2-1), што му го отвори патот кон врвниот фудбал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button