ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Канализацијата и отпадот од Гостивар завршува во Вардар

Во овој период кога температурите се многу високи и граѓаните бараат освежување, реките не се вистинско место за тоа.. Речиси на целата територија на Македонија речните води се многу загадени. Таква е состојбата на реките што течат низ Гостивар, Вардар, Радика и Лакавица, за кои надлежните велат дека се многу загадени, освен во деловите од каде што извираат.

Advertisements

„Во пониските делови на реките, пред се Вардар, врз основа на она што е загадено со фекална канализација,позагадено станува во текот на градот, од крајот на градот квалитетот на речната вода оди во трета фаза и повисоко, што е последица на канализацијата која директно се влева во реката, без филтрирање, што е исто така поголем проблем кога станува збор за загадувањето на водите. Радика е помалку загадена бидејќи во тој крај нема толку жители, и помало е испуштањето на канализацијата“, вели Берун Мустафа, одделение за хигиена.

При увидите на АЛСАТ на терен, никаде не забележавме информативни знаци дека водата е загадена и дека пливањето е забрането. Жителите на Гостивар бараат од надлежните да ги исчистат реките и да ги зачуваат како природни добра.

„Граѓаните треба да имаат каде да го фрлаат отпадот. Се додека плаќањаат, треба да имаат и благосостојба. Треба да се постават посебни канти, контејнери, ако нема тој е принуден да го фрли во реката или по патиштата од нивите. Локалната и централната власт мора да преземат мерки“…

„Општината треба да излезе и да види што се случува, што се фрла во река, се што фрлаат граѓаните таму..тоа не е добро. Порано беше многу почисто, но сега не“, велат граѓаните.

По секоја добиена пријава, Секторот за хигиена во Гостивар го известува Санитарниот здравствен инспекторат за да може да преземе конкретни мерки за решавање на проблемот. Но, и покрај алармот, ситуацијата останува непроменета. Инаку, во Гостивар во рок од една година се прават 15-20 анализи за квалитетот на речните води.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button