СВЕТ

Канани: Иран нема да се двоуми да возврати на американски напад

Канани: Иран нема да се двоуми да возврати на американски напад

Исламска Република нема да се двоуми, доколку е неопходно, да возврати на американскиот напад на нејзина територија, изјави портпаролот на иранската дипломатија, Насер Канани, откако Белата куќа соопшти дека не ја исклучува можноста за директен напад врз Иран.

САД во петокот почнаа серија напади врз елитните ирански сили и проиранските вооружени групи во Сирија и Ирак, како одговор на убиството на тројца американски војници во Јордан на 28 јануари.

Advertisements

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан пред два дена изјави дека САД ќе продолжат да возвраќаат и не исклучува директен напад врз цели во Иран.

– Исламската Република нема да се двоуми доколку биде неопходно да возврати, изјави Канани, на неделната прес-конференција.

САД и Обединетото Кралство во саботата објавија дека бомбардирале десетици цели во Јемен како одговор на повторените напади на Хутите поддржани од Иран./makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button