ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кандидат Албанец, за специјалната единица „Волци“, претепан од колегите

Кандидат Албанец, за специјалната единица „Волци“, претепан од колегите

Алсат дознава дека кандидатот Албанец кој цели да стане дел од баталјонот на специјалната единица „Волци“ во АРМ бил брутално претепан од колегите. Сето ова се случило во рамките на селективниот курс кој последните денови се одржува во во Генералштабот на АРМ. Од нашиот извор дознаваме дека станува  збор за личност со висока стручна подготовка, докажан на многу обуки внатре и надвор од државата и систематизиран во АРМ благодарение на успешното завршување на Воената академија.

Нашите извори информираат дека капетанот Албанец спектакуларно бил испратен од Криволак во Психијатриската болница во Бардовци. Целта, што треба да биде потврдена и од истрагата, била да се прикаже како лице со психички проблеми, што би го чинело многу во неговата професионална кариера. Иако од оваа болница дознаваме дека констатирана е стабилна психичка состојба и без проблеми.

Одговорното лице кое требаше да го евидентира случајот,  бил Албанец, подоцна заменет со Македонец. Одземен му бил мобилниот телефон, со цел капетанот да избегне контакт додека ситуацијата не биде под контрола, а потоа имало обид да биде вратен надвор од воените процедури, поточно надвор од институционалните протоколи.

Од Генералштабот немаат коментар за случајот. Неофицијално се дознава за формирање дисциплинска комисија која треба да ги испита постапките на најмалку шест припадници на елитната единица „Волци“. Во текот на денот капетанот Албанец бил префрлен во воената болница во Скопје.

„Волците“ се скоро недопирлива единица за другите етнички групи во армијата, особено за Албанците, а единицата постои од 1994 година. Мотивот за бруталниот напад врз капитенот Албанец не се исклучува да биде за заплашување на другите кандидати албанци да се повлечат од трката.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button