ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на село Белчишта, општина Дебрца и со граѓаните на општина Вевчани

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на село Белчишта, општина Дебрца и со граѓаните на општина Вевчани

Во рамки на изборниот караван, кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на село Белчишта, општина Дебрца и со граѓаните на општина Вевчани.

Advertisements

Говорејќи за начинот на владеење на актуелната опозицијата кога била на власт, Пендаровски во село Белчишта истакна дека во нивно време имало две групи на граѓани, односно нивни и наши, симпатизери на ВМРО и останати.

„На опозицијата и пречи што Македонија оди напред, кон развиените земји бидејќи ние сме заслужни за тие успеси, а не тие. Тие ја сакаат Македонија, само кога се на власт, а ние ја сакаме и кога сме и кога не сме на власт, бидејќи таа ни е единствената мајка“, рече Пендаровски.

Од Вевчани тој порача дека луѓето знаат да проценат дали некој мисли само на себе и на својот џеб или мисли и на заедничката иднина. Денеска беше предвидено Пендаровски да се обрати на митинзи и пред граѓаните на Струга и на Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button