СПОРТ
Канзас Сити Чифс ја одбранија титулата шампион во НФЛ

Играчите на Канзас Сити Чифс ја одбранија титулата шампион во НФЛ, откако во Лас Вегас го совладаа Сан Франциско 49ерс со 25:22, по продолжение, во финалето на плеј-офот во Суперболот.
Канзас Сити стана првиот тим кој по 19 години успеал ја одбранил титулата. Пред нив тоа последни го направија Њу Ингланд Патриотс.
За Канзас Сити, ова е трет шампионат во последните пет сезони. Првиот трофеј го освоија пред 54 години.
Водачот на Чифс беше Патрик Махомес, по трет пат во кариерата беше прогласен за најкорисен играч на Супербол, по 2020 и 2023 година. Махомес заврши 34 од 46 додавања за 333 јарди со два тачдаунови, а исто така имаше и налет од 66 јарди и беше најдобар под најголем притисок./Sportsport.mk/