СПОРТФУДБАЛ

Kапитенот на Барселона има понуда од 2 шпански клуба, но и од Премиер Лигата

Капитенот на Барселона, Сержи Роберто одлучи да го напушти клубот откако раководството се уште не му понудило нов договор. Претходниот истече на 30 јуни од кога искусниот фудбалер е слободен играч.

Advertisements

По 20-тина дена чекање, тој дефинитивно се откажа од потенцијали преговори и одлучи да бара нов предизвик во кариерата. Информациите од Шпанија велат дека има понуди од Валенсија и Севиља, но не сака да игра против Барселона, па најверојатно ќе се пресели во Премиер Лигата.

Тој беше стандарден член на Барса од 2011 година кога дебитираше под водство на Пеп Гвардиола. Целата досегашна кариера ја помина во каталонскиот клуб, освои голем број трофеи, а навивачите го почитуваа затоа што секогаш знаеше да блесне на важни натпревари. Редовно играше добро против Реал, а најмногу ќе се памти неговиот гол против ПСЖ во фамозниот пресврт на Барса и победата со 6-1 во 2017 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button