МАКЕДОНИЈА

Караџовски: „Џускањето“ по журки причина за зголемениот број на заболени

Собирите на помлади лица без почитување на мерките за заштита е една од главните причини за наглото зголемување на бројот на новозаболени во земјава, рече епидемиологот Жарко Караџовски на заедничката прес конференција со министерот за здравство, Венко Филипче.

Advertisements

Како што кажа тој, заклучокот го носи врз основа на направените анкети, според кои најголем број на заболени има меѓу помладата популација.

Караџовски апелираше на почитување на основните мерки нагласувајќи дека во моментов не се размислува за воведување на драстични мерки како што се полициски час или вонредна состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button