МАКЕДОНИЈА

Караџовски во „инспекција“ во параламентот, пред првата седница во старата сала

Членови на Комисијата за заразни болести, меѓу кои и нејзиниот претседател Жарко Караџовски, денеска биле во Собранието, каде што имале средба со спикерот Талат Џафери, кој најави дека од јуни овој пратенички состав ќе почне да заседава во старата пленарна сала, која, поради ситуацијата со ковид-19, не е во функција од конститутивната седница во август минатата година.

„Денес имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заштита од заразни болести кои извршија контрола на салите и на помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во сала „Македонија“, со почитување на мерките за заштита од ковид- 19, согласно со новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација“, објави Џафери на Фејсбук.

Минатата седмица, тој објави дека планот е првата нова седница во старата сала да почне на 8 јуни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button