ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Каракачанов ги повтори своите барања и пред бугарскиот Парламент

Бугарија продолжува да ја поддржува идејата за евроинтеграција на Западен Балкан, но таа поддршка не е безусловна и и не може да се реализира во случај на неисполнување на билатералните договори меѓу Бугарија и соодветните балкански држави.

Ова го порача бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во неговото обраќање во Парламентот, каде ги информира бугарските пратеници за односите на реалција Скопје-Софија, за преговарачката рамка и за евентуалниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија, јави БГНЕС.

Каракачанов рече дека бугарската Влада се придржува кон Договорот за добрососедство и кон рамковната позиција, потврдена со декларацијата на Парламентот.

-Прво никој не извршил притисок врз бугарската Влада. Германското претседателство во моментов изрази став да биде посредник доколку е потребно, во разговорите меѓу двете страни. Не е извршен притисок врз бугарската Влада. Второ – во разговорите со претставници на Република Северна Македонија, Бугарија ја потврди својата јасна позиција дека ние сме „за“ членство на Македонија во ЕУ, но сметаме дека Договорот од 1 август 2017 година не се имплементира, согласно неговите одредби, изјави Каракачанов. Според него пример за тоа е неефикасната работа на Заедничката македонско-бугарска комисија и објавите во македонските медиуми, кои како што посочи, содржат антибугарска реторика.

-Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем, изграден на невистинити факти, не постои начин земјата да даде согласност за одржување на првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите за приклучување на Република Северна Македонија во ЕУ, порача Каракачанов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button