ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Каракачанов: Новата власт ќе потклекне под притисокот на САД и ќе дозволи С Македонија да влезе во ЕУ

Министерството за надворешни работи мораше да реагира на изјавата на специјалниот пратеник на Вашингтон за Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека е „погрешно Бугарија да користи билатерален договор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ“, смета претседателот на ВМРО – бугарско национално движење и поранешен министер за одбрана во владата на Борисов, Красимир Каракачанов.

Тој во интервју за „Епицентар“, бугарска информатичко-аналитичка интернет-платформа, вели дека уште почудно е што ниту една од партиите застапени во парламентот не издаде соопштение, а молчат и новите таканаречени демократски протестни партии.

„Изненадувачки, нема реакција од никого – претседателот, кој влегува во изборната кампања и луѓето ќе сакаат да го слушнат неговиот став. И кога молчите – создавате чувство дека сте се помириле со овој притисок“, вели тој.

Во еден дел од интервјуто, Каракачанов заклучува дека се работи за „очигледно ‘соросоидни’ структури, кои имаат јасна намера да го предадат бугарскиот национален интерес со доаѓањето на власт“.

А на прашањето кои се тие формации, Каракачанов вели дека би можел да ги наведе и по име, но дека тоа се сите оние што влегле во парламентот и кои, како што вели, сега се подготвуваат да упаднат во парламентот и истакна дека единствените што имале цврст став е БСП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button