
Карло Анчелоти на крајот од оваа сезона би можел да остане без двајца многу важни членови од стручниот штаб. Неговиот син Давиде и Франческо Маури би можеле да ја прекинат соработката со легендарниот стручњак.
Давиде и Франческо имаат намера да ја продолжат својата кариера на друго место. Давиде Анчелоти со години одбиваше понуди, но 35-годишниот сега верува дека е подготвен за пробив во кариерата. За заминување размислува и Франческо Маури. Тој, како и Давиде, со години е во стручниот штаб на легендарниот Италијанец.
„Стручниот штаб на Карло Анчелоти се подготвува за самостојни кариери. Давиде Анчелоти и Франческо Маури веќе размислуваат да го напуштат Реал Мадрид. Почитта кон Карло е огромна, но тие мислат дека е време да продолжат понатаму“, наведуваат шпанските медиуми.
Заминувањето на двајца исклучително важни луѓе секако би било огромен удар за Анчелоти. Работеше со овие момци со години, тие ја заслужија неговата почит, но сега е време да замине и да започне самостојна кариера.