СПОРТ

Карлос Алкараз: Заврши доминацијата на старата школа

Карлос Алкараз со победа го започна АТП турнирот во Барселона и се пласираше во осминафиналето, а по мечот со aмериканецот Итан Квин, се осврна на неодамна освоениот трофеј во Монте Карло и рече дека конкуренцијата на самиот врв се зголемува.

Advertisements

„Мислам дека заврши доминацијата на еден или двајца играчи или на таканаречената „стара школа“. Сега нештата се менуваат, гледам дека во Топ-10 има барем 6-7 играчи што се скоро на исто ниво. Нормално е кај секој да има подеми и падови, но квалитетот кај сите нив е неспорен. Следните години очекувам да донесат голема возбуда за навивачите, ќе има многу неизвесни дуели на сите големи турнири. Јас сум фокусиран да ја задржам оваа форма, но и да се подобрам. Сакам да се вратам на првото место на АТП листата, иако знам дека тоа нема да биде лесно“, изјави Алкараз.

Со освоениот трофеј во Монте Карло, Алкараз се врати на второто место во светскиот тениски поредок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button