
Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез сподели амбициозен план за првпат да ги обедини Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ист тим.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Бока Јуниорс има идеја да организира проштален меч во Буенос Аирес и да ги покани двете легенди. Тевез ја заврши кариерата во 2022 година, но сега почнува да планира голем меч, кој најверојатно ќе се одигра на Ла Бомбонера.
„Сакам да направам таков проштален натпревар. Само треба да го најдеме вистинското време. Не е лесно. Сакам да ги обединам Кристијано Роналдо и Лео Меси. Сам ќе одам да ги земам”, изјави поранешниот аргентински напаѓач.
Карлос Тевез играше заедно со Меси во аргентинската репрезентација помеѓу 2005 и 2015 година, додека тој и Роналдо беа во Манчестер Јунајтед, каде што освоија две титули во Премиер Лигата и еден трофеј во Лигата на Шампионите.