ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Албанците немаат крв за пролевање за некој да стане милионер

Касами: Албанците немаат крв за пролевање за некој да стане милионер

Албанците нема да пролеваат крв за некој да стане милионер. Вака првиот човек на Движењето БЕСА Билал Касами ја коментира изјавата на опозиционерот Али Ахмети дека Албанците имаат уште крв да станат господари на себе. Касами посакува ДУИ да биде конструктивна опозиција.

Advertisements

„ Посакувам да биде конструктивна опозиција затоа што принципот што го поддржуваме е дека успехот и резултатите на владата зависат од тоа колку е силна опозицијата. Тие ги имаат бројките, верувам дека ќе имаат и волја да бидат моќна опозиција и од ова ќе зависат нашите резултати во владата. Албанците немаат да пролеваат крв  за некој да стане милионер“, рече Билал Касами, ВЛЕН.

Аналитичарите оценуваат дека е разбирливо разочарувањето на ДУИ што по две децении треба да си замине од власт, но потенцираат дека политика не се прави со провокации. Ќенан Алиу нагласува дека легитимноста на политичката власт зависи од довербата на граѓаните, кои имаат свои демократски начини за реакции или за евентуален револт.

„Од една страна, тоа може да се разбере со политички блок кој може да остане разочаран од фактот дека ќе морам да замине од власт по повеќе од две децении, но мислам дека ставовите треба да се земаат соодветно, бидејќи политика со провокации не се прави, туку се прави само со политички позиции кои мора да се артикулираат на пристоен начин, за потоа да станат тема на дискусија..политичките блокови кои сега ќе треба да одат во опозиција, нема политичка резон  да ги инспирираат граѓаните да се радикализираат, мислам дека нема да дојде до овие прашања“, нагласи Ќенан Алиу, политички аналитичар.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера рече дека  одредени функционери на ДУИ, играат опасна игра и се обидуваат да ги спуштат разговорите за формирање влада на едно нумеричко и етничко ниво на трка. Тој рече дека овие поединци со години ја играат оваа игра, но ВМРО нема да дозволи таква реторика. Пред неколку дена се шпекулираше дека ДУИ понудила да стане дел од Владата на Мицкоски, дури прифатила само 4 министерства и се откажала од првиот човек на Собранието. Но, Мицкоски одбил./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button