Касами: Бадентер не треба за промена на имињата на улиците
Касами: Бадентер не треба за промена на имињата на улиците

Наскоро се очекува општина Тетово да започне процедура за промена на имињата на улиците. Бидејќи запишувањето на имињата на улиците и институциите првично го прави Катастарот во Тетово, првиот човек на општината изјави дека по добивањето на оваа информација ќе се формира соодветна комисија. Касами дури изјави дека по пописот на населението, принципот на Бадентер или двојно гласање не е потребен за преименување на улици во општина Тетово.
“Од моментот кога ќе добиеме информација од катастарот, ќе започнеме разговори со сите политички фактори во општинскиот совет и ќе го најдеме најдобриот начин да го направиме овој проект инклузивен и сеопфатен, а не тоа да го правиме само ние како партија Беса, туку би сакале тука да бидат вклучени сите политички субјекти. Верувам дека ниту ВМРО, ниту која било друга македонска партија нема да сака да биде надвор од овој процес бидејќи тоа значи дека именувањето на улиците ќе се врши без нивно присуство и тие што ќе бидат во комисијата во овој процес ќе одлучуваат за имињата на улиците кои ќе бидат во нивна корист“, рече Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.
Новинар: Бадентер не треба, нели?
“Според информациите што ги имам, не“, додаде градоначалникот.
Покрај ваквиот став на првиот човек на општина Тетово, од ВМРО, се категорично против иницијативата. Советниците од ВМРО велат дека нема да го поддржат овој процес.
„Не поддржуваме ретроградни процеси кои нема да донесат ништо добро за стандардот на граѓаните. Младите во Тетово бараат современ животен стандард и образование. Тетово нема дом за култура, нема кино, нема театар, парк или спортски објекти. Нашиот фокус е на решавање на основните проблеми, а нема да поддржуваме ретроградни процеси кои не носат никаков напредок во животот на младите“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Против се изјаснија и советниците од СДСМ.
„Нема да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сметаме дека Тетово има многу поважни приоритети од промената на имињата на улиците, плоштадите и институциите“, велат од СДСМ.
За преименувањето на улиците веќе осум месеци се води јавна расправа. Со години наназад се менуваа имињата на улиците но само на таблите, а во документи се уште стојат старите имиња. Преименувањето на улиците е блокирано од македонските политички партии. Освен улиците истиот проблем со имињата го имаат и јавните институции како училишта, домови на култура и други./Алсат.мк
Башким Сулејмани