ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами денеска го посети туристичкиот центар Попова шапка, каде одблизу се запозна со состојбите и подготовките за почетокот на туристичката сезона

Касами денеска го посети туристичкиот центар Попова шапка, каде одблизу се запозна со состојбите и подготовките за почетокот на туристичката сезона

Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами денеска го посети туристичкиот центар Попова шапка, каде одблизу се запозна со состојбите и подготовките за почетокот на туристичката сезона. Касами и претставници на администрацијата отпатуваа со автобусите на општинскиот превозник на линијата Тетово-Попова Шапка-Тетово која почна да функционира од денеска по повод почетокот на скијачката сезона.

Advertisements

„Задоволство ми е да ја претставам на јавноста услугата и подготовката на целата опрема за оваа сезона, почнувајќи од ски-лифтовите и целата друга придружна опрема, со што веруваме дека оваа сезона ќе биде успешна. Многу работа е завршена за кратко време и им честитам на раководителите на Попова шапка за нивната работа за оваа сезона да биде успешна. И како локална власт и како влада, ќе работиме напорно за да му го вратиме полека на туристичкиот центар Попова шапка неговиот поранешен сјај, но и со инвестициите што планираме сакаме да го направиме овој туристички центар најважен во регионот“, рече Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button