ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Државата да одговара за Реџепи

Најпрвин, дозволете ми да ја информирам јавноста дека Движењето БЕСА останува цврсто во намерата за пад на овој режим, кој и со последните постапки покажа дека е подготвена на се за да остане на власт. Кога сме кај ставот на пратеникот Кастриот Реџепи, до сега не сум стапил во контакт со пратеникот, имам основани сомнежи дека пратеникот против своја волја е спречен и ова ќе го мислам се додека немам негов став со фигура, со глас каде вели дека оваа е негова позиција и дека оваа позиција е со негова слободна волја.

Advertisements

Дали мислите дека немој му се заканил?

Сомнежите се дека тој без волја има ваков став, се додека го немаме спротивното и за тоа комуницирам со домашните и странски институции.

Дали сте пријавиле? Дали знаете каде се наоѓа?

Не, немаме информација каде се наоѓа.

Кога последен пат сте комуницирале?

Вчера, комунициравме многу пријателски, бевме во постојано координирање, немам, односно немаше сигнал дека овој пратеник може да направи такво нешто со слободна волја.

Кога објави статус, дали се обидовте да комуницирате?

Постојано комуницираме со него и неговото семејство, немаме контакт, единствен е синот кој последен пат беше во комуникација и кој исто така побара објаснување.

Каде беше вчера?

Во Скопје, комуницирав телефонски.

Што се очекува до 24:00. Дали ќе падне владата или не?

Чекаме да имаме точни информации за судбината на пратеникот и потоа да се заземе политички став за судбината на оваа Влада.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button