ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами ги смирува земјоделците кои побараа да се среди каналот за наводнување

Касами ги смирува земјоделците кои побараа да се среди каналот за наводнување

Првиот човек на општина Тетово, Билал Касами, ги смирува земјоделците од областа Дарданија, кои се пожалија на игнорирањето на институциите во однос на нивното барање за прилагодување на каналот за наводнување. Касами рече дека работите ќе завршат во рок од неколку дена. Тој предупреди и за чистење на депонијата од коритото на реката Пена.

Advertisements

„Со оглед на тоа што општината веќе спроведува проект за изградба на коритото, секако дека немаме можност и време да ги чекаме државните институции, а во овој случај ниту Претпријатието за водостопанство, ниту Министерството за Земјоделството да биде вклучено во планот за следната година бидејќи веќе имаме план за регулација на реката и по реакцијата на земјоделците презедовме мерки и излеговме на терен. Разговаравме со фирмата што ги изведува градбите и решивме тој сегмент од каналот за наводнување на земјиштето да го изградиме заедно со уредување на коритото“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами најави и чистење на дивата депонија создадена на коритото на реката Пена во делот кај населбата Дарданија. Оваа депонија првично ја создадоа некои припадници на ромската заедница кои живеат во оваа населба, додека подоцна некои други жители на Тетово и градежни компании ја искористија можноста за депонирање на отпадот.

„Проектот предвидува и чистење на депонијата која е таму со децении. Во разговори и комуникација сме со дел од жителите за да се најде решение за нивното домување. Во формален процес на експропријација на легализирани имоти, но ние сме заинтересирани да се најде решение за оние жители кои живеат таму, од кои некои се и без документи, во објекти без услови и нелегализирани“, додаде тој.

Следната година во овој дел е предвидено проширување на кеј на реката за четири метри од двете страни, а започнати се разговори и со дел од жителите кои имаат капацитети околу реката, така што истите со помош на општината ќе бидат распоредени на просторот каде што не го попречуваат коритото или шеталиштето./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button