МАКЕДОНИЈА

Касами: Како што ќе се ближат изборите ќе се конкретизира соработката со ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами денеска на новинарско прашање дали како коалицијата „Вреди“ на локалните избори ќе добијат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за избор на градоначалник рече дека тоа ќе се конкретизира во наредниот период. Во дел од медиумите е објавено дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има кандидати за градоначалник во градови како Тетово, Гостивар и Струга.

Advertisements

– Генерално, коалицијата функционира, а и многу се примерите каде што соработката е коректна. Исто така и како досега, ќе има соработка на коалициските партнери во случајот ВМРО со „Вреди“. Таа соработка во вели во наредниот период, како што ќе се ближат изборите ќе се конкретизира, но генерално има договор дека ќе се поддржиме и на локалните избори, истакна Касами од настан во Тетово.

Според него сè уште е рано за да се кој кандидат во кој град ќе добие поддршка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button