МАКЕДОНИЈА
Касами кажа што е неговата прва одлука како градоначалник на Тетово

Билал Касами, пред неколку дена ја презеде функцијата градоначалник на Тетово. Фотелјата ја наследи од Теута Арифи и веќе почна да ги носи првите одлуки како градоначалник на оваа општина.
Во емисијата 200, на Алсат, Касами кажа за првата одлука што ја донел откако влезе во својот кабинет.
„Првата неформална одлука е да одам пеш на работа, за да можам се среќавам со граѓаните“, рече Касами.