ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Нема проблеми со изградбата на тетовскиот стадион

Касами: Нема проблеми со изградбата на тетовскиот стадион

Работите на тетовскиот стадион продолжуваат и покрај неколкудневните прекини поради ниските температури. Првиот човек на општина Тетово Билал Касами рече дека нема никакви други проблеми.

Advertisements

„Врз основа на разговорите што ги имавме со изведувачот, во текот на овие денови ќе се сретнеме со инвеститорот за да видиме до каде напредува работата и да имаме проценка како напредува работата и кога може да се заврши првата трибина што се гради, да продолжиме со останатите“, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Новинар: Се шпекулира дека има пречки за реализација на работата.

„Не, нема такво нешто, имаме комуникација и соработка со изведувачот и единствена пречка беа временските услови и како што се подобруваат временските услови, динамиката ќе се забрзува“, додаде тој.

Касами рече дека според договорот се очекува Градскиот стадион да биде завршен во рок од три години.

„Сметам дека првата трибина што се гради наесен треба да биде завршена и веднаш да почне да гради и следната. остануваме во рамки на договорот и според него, од потпишувањето на договорот, не подолго од три години, стадионот мора да биде завршен„, нафласи Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Градскиот стадион почна да се гради кон крајот на 2023 година, со пари од општина Тетово, вреден околу 10 милиони евра. Во првата фаза беше изработено идејното решение на стадионот, со почитување на стандардите на УЕФА за стадионска инфраструктура и препораките за изградба на нови објекти и реконструкција на постоечките./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button