ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Пожарот во подрумските простории на општина Тетово е намерно подметнат од државјанин на Косово

Касами: Пожарот во подрумските простории на општина Тетово е намерно подметнат од државјанин на Косово

Пожарот во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан. Ова, според првиот човек на општината Билал Касами, го потврдиле и безбедносните камери. Касами рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.

Advertisements

„Дефинитивно се сомневаме дека намерата овде е дека се работи за фантомско лице, односно без документи, кое подолго време се движело во регионот. Се сомничи дека се работи за лице кое е од Косово и нема никакви документи или македонско државјанство. Се сомневаме дека е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи кои се од последните избори кои се оштетени“, рече Билал Касами- градоначалник на општина Тетово.

Од пожарот оштетени се бројни документи, главно од изминатите избори. Касами вели дека тоа не е изолиран чин, туку обид за создавање тензии.

„Значи овде не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета да се создаде забуна во јавност туку и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, се сомневам, па со оглед на личноста и неговиот профил, овој човек не може да го направи овој чин и да замине без да остави трага и дека воопшто не е пронајден. Секако, тоа е предупредување за општината, но и другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, ви порачувам дека општината не е само на една партија туку на сите граѓани на Тетово без разлика и уште помалку политички“, додаде тој.

Во меѓувреме од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во текот на денот се врши увид на местото кое беше зафатено од пожар.

„Вчера во СВР Тетово беше пријавено дека избувнал пожар во подрумски простории на општина Тетово. Повредени нема, додека пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица Тетово. Известен е Јавен обвинител а увид ќе се врши во текот на денот“, велат од СВР- Тетово.

Ширењето на пожарот во подрумските простории на општина Тетово први го забележале жителите на куќите во населбата, кои први ги известиле пожарникарите./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button