ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Касами рече дека се надева оти уставните измени ќе се случат наскоро, за земјата заедно со Албанија да го продолжи патот кон Европската униј
Касами рече дека се надева оти уставните измени ќе се случат наскоро, за земјата заедно со Албанија да го продолжи патот кон Европската униј

Шефот на Движењето Беса Билал Касами рече дека се надева оти уставните измени ќе се случат наскоро, за земјата заедно со Албанија да го продолжи патот кон Европската унија. Касами рече дека не може да даде рок до кога ќе биде завршен процесот на уставни промени. Движењето Беса слави 10 години од основањето.
“Уставните измени како предуслов за членство во ЕУ ќе се направат што е можно поскоро, не можам да дадам рокови, но уште еднаш ќе го повторам тоа што го кажав пред малку, дека со сите наши сили ќе направиме се, со цел Македонија што е можно поскоро да ги направи уставните измени и да фати чекор со Албанија”, рече Билал Касами, од БЕСА.