
Турскиот гигант Галатасарај продолжува со неверојатни трансфери ова лето. Во финишот на преодниот рок во Истанбул би можел да дојде и бразилецот Касемиро.
Според турските медиуми, „црвените ѓаволи“ сакаат што поскоро да се разделат со бразилскиот фудбалер. Се истакнува дека откако Касемиро ќе го напушти клубот, Манчестер Јунајтед има намера да потпише со играчот од средниот ред Адриен Рабио, кој моментално е слободен агент.
Касемиро настапува за англискиот клуб од летото 2022. Во овој период настапи на 87 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и имаше девет асистенции.
Неговиот актуелен договор со клубот е до летото 2026 година.