
Индира Кастратовиќ, ќе биде примена во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како дел од специјалната церемонија што ќе се одржи на 14 декември, пред финалето на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени.
Церемонијата, која втора година по ред ги слави најдобрите играчи и легенди на ракометот, ќе вклучи вкупно 21 лауреат. Во женска конкуренција ќе бидат наградени седум поранешни ракометарки, меѓу кои и легендата од шампионскиот состав на Кометал Ѓорче Петров и долгогодишен носител на дресот на македонската репрезентација. Од претходно дел од ова елитно друштво е и најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.
Во машка конкуренција, ЕХФ избра 14 играчи, меѓу кои се и големите имиња Никола Карабатиќ, Данецот Микел Хансен и Норвежанецот Стине Офтедал Дамке.
Со овие нови имиња, „Куќата на славните“ ќе се збогати со нови 21 член, придружувајќи им се на повеќе од 50 легенди кои беа инаугурирани во јуни 2023 година на првата церемонија за наградите за извонредност на ЕХФ.