ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кастриот Реџепи бил во МВР и рекол дека се штител од публицитетот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи денеска се појавил во полициска станица каде изјавил дека не исчезнал, туку отишол кај пријател за да избегне публицитет поради собраниската седница.

Advertisements

МВР

„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно  никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок,  со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.“

Во меѓувреме, пред пријавувањето во полицијата, пратеникот Реџепи повторно се огласи на социјалните мрежи, овој пат од неговиот личен профил на Фејсбук. Реџепи, најавувајќи прес-конференција за в понеделник, апелираше до неговата партија, Беса, да не презема избрзани активности.

„Во наредните денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за сè. Што се однесува до медиумите и големиот интерес, што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес-конференција. Апелирам до раководството на Движењето Беса да не презема забрзани чекори кои ќе им нанесат штета на нашите структури и активисти. Емоциите треба да се остават настрана и внимателно да се постапува.“

 Од друга страна, генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа рече дека доколку Кастриот Реџепи, не ја донел одлуката под притисок, тогаш отсуството на седницата е постапка против партијата е чин на предавство.

„Апсолутно неприсуството на седницата на Собранието е предавство кон партијата, бидејќи тој е еден од иницијаторите со постови за рушење на оваа Влада и не сакам сега да зборувам затоа што знаете како се одвиваше ситуацијата вчера, а знаете во каква ситуација беше на видео-снимката, ако човекот дал изјава под притисок мора да го слушнеме, ако е негов став, тоа е индивидуално и нема врска со партиските органи.“

Реџепи вчера не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа за недоверба на Владата. Опозицијата се сомневаше дека е киднапиран, но тој преку видео-објава на Фејсбук рече дека не сака да гласа против владата на Заев, односно не сака да ја загрозува евроатлантската иднина на земјава.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button