Кастриот Реџепи се огласи на Фејсбук, кажа зошто го нема во Собранието

На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во непознати турбулентни води, напиша на фејсбук пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, откако беше утврдено дека тој недостасува во собраниската сала, со што вкупниот број на пратеници во пленарната сала е само 60.
Во неговиот фејсбук статус меѓудругото се додава:
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери, САД и земјите од ЕУ, кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има изгледи да ги започне преговорите со ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која треба да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.