
Повеќе шпански медиуми и спортски „инсајдери“ ја објавија веста дека управата на Барселона се договорила со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, кој следното лето ќе пристигне како слободен играч.
Каталонскиот гигант добива солидно засилување за последната линија, а Тах ќе ги напушти „фармацевтите“ после цели десет години.
28-годишниот стопер има одиграно над 270 бундеслигашки натпревари и зад себе има огромно искуство, а трансферот во Барса за него сигурно ќе претставува круна на кариерата.
Деновиве се очекува и официјалната потврда на трансферот, а германецот во новиот клуб најверојатно ќе добива плата од пет милиони евра годишно. Тах е репрезентативец на Германија од 2016 година и досега запиша 36 натпревари за „панцерите“.