СПОРТФУДБАЛ

„Катар 2022“, Македонија ќе се соочи со Ерменија

Репрезентацијата на Македонија во фудбал, ги заврши подготовките во пресрет на првиот предизвик од триите планирани во септември, во рамките на квалификациите за СП „Катар 2022“. Под водство на новиот селектор, Благоја Милевски, Македонија ќе се соочи со Ерменија, против која има позитивен резултат во дуелите во Скопје.

Новиот капитен на Македонија, Стефан Ристовски смета дека тимот има сили успешно да се соочи со Ерменија и да го продолжи успехот од квалификациите за европското првенство.

Репрезентацијата на Ерменија доаѓа во Скопје со три победи во исто толку натпревари во рамките на групата „Ј“, во кои Македонија забележа две победи и еден пораз. Натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија ќе се одигра во четврток, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20 часот и 45 минути.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button