
Репрезентацијата на Катар е третиот патник во следната рунда од Светското првенство (СП) во ракомет од Групата Ц, откако ја доби директната пресметка во третото коло со Кувајт и така со Франција и Австрија стана потенцијален ривал на Македонија во втората фаза на СП 2025. Катарците ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 25-22 (11-7).
Најдобар играч на мечот беше Жарко Марковиќ со седум гола, пред Капоте со четири гола, а кај поразениот тим, Ал-Шамари постигна осум гола.
Во следната фаза патува и Шведска која славеше убедливо над Чиле (42-30). Максимален по две кола остана и Исланд, кој ја доби Куба со 40-19 (21-9) и со Словенија ќе игра за првото место во групата Г.
Данска го потврди првото место за следната фаза во директната пресметка со Италија (39-20).