ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Катастарот призна, има грешки во мерењето на парцелите во дел од Радишани

Агенцијата за катастар и недвижности признава дека има преклопувања во скиците на дел од парцелите во скопско Радишани. Ова следува откако жителите од оваа населба се пожалија дека им се поместени границите на нивните имоти. Во писмена реакција, од Катастарот денеска наведоа дека самите граѓани можат да направат корекции, со поднесување индивидуални барања во нивните канцеларии, користејќи ги членовите 211 и 212 од Законот за катастар и недвижности.

Advertisements

Агенција за катастар

„Доколку сосопственичкиот дел со кој учествуваат и соседите не надминува 5% од вкупната површина на парцелата, а тој произлегува како резултат на различни техники на снимање и мерење, се брише од имотниот лист по службена должност или по барање на странката. Доколку пак, овој сосопственички дел надминува 5% од вкупната површина на парцелата, ажурирањето на податоците се врши по пријава на странка кон која се приложуваат и изјави за согласност дадени од носителите на правата запишани во идеалните делови или од законскиот наследник на починатиот носител на права, заверени кај нотар.“

Од Катастарот велат дека грешките не можат да се генерализираат, туку треба да се третираат индивидуално за да се надминат. Сепак, во вчерашните изјави за Алсат, жителите рекоа дека поднеле жалби до Катастарот и оти не добиле конкретен одговор. Според мештаните, нивните имоти се поместени и два метра меѓу соседите. Во еден случај имало и физички конфликт.

Mefail Isamili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button