СВЕТ

Катастрофална авионска несреќа во Јужна Кореја

Јужна Кореја се справува со една од најлошите и најсмртоносните воздушни катастрофи во речиси 3 децении.

Advertisements

Авион со 181 патник се урна при слетување на аеродром во Јужна Кореја, при што загинаа речиси сите членови на екипажот. Според информациите има само двајца преживеани. Според шефот на противпожарната служба станува збор за маж и жена кои биле спасени од опашот на авионот зафатен од пламен.

Авионот се излизгал од пистата на аеродромот Муан и удрил во бетонска ограда, избувнувајќи во пламен откако неговата прва опрема за слетување очигледно не функционирала.

Извршниот директор на компанијата изрази сочувство до семејствата на жртвите. Тој нагласи дека треба да се докаже точната причина за несреќата и дека ќе треба да се почека официјалните истраги на надлежните.

Надлежните работат на целосно расветлување на случајот и откривање на причините кои довеле до оваа тешка несреќа, додека веќе постојат неколку верзии дека удар на птица или временските услови можеби довеле до оваа трагедија.

Во Јужна Кореја е прогласена седумдневна жалост до 4 јануари поради авионската несреќа. Додека сите летови до и од Муани се откажани.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button