Катастрофата во Кочани ги крена на нозе институциите

По 16 март, институциите се кренаа на нозе. Требаше скоро 60 лица да загинат, за да институциите контролират каде се пуши во затворени простории и колку се почитува законот. Деновиве има неколку засилени контроли, но прекрушувачите на законот добиват само глоби.
Од Државниот пазарен инспекторат за Тв Алсат, велат дека за четири месеци односно од 1 ноември до 28 февруари инспекторите на територија на целата држава извршиле 769 надзори, за кои напишале 81 казна во износ од над 80 илјади евра.
ДПИ:
„Глоба во износ од 2000 до 4500 евра во денарска противвредност за правно лице, и глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице.“
* 2000 до 4500 евра за правно лице
* 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице
Согласно законот за заштита од пушењето цигари, забрането е пушење во училишта, градинки, објекти за престој, здравствени установи, спортски сали, објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна и интернет кафња. Забрането е пушње цигари и во кафеани, кафетериим ноќни барови, кафе барови, кабареа, дискоклубови, пивници и други затворени објекти.
Пушењето е дозволено само надовор од деловниот објект, тераса, летна бавча и слично, исклучиво доколку просторот е отворен од најмалку три страни.
Ангел Димовски