ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кацарска: Дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација?

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, изрази негодување поради неможноста Собранието да назначи нови уставни судии, со што Судот заштитник на највисокиот правен акт во државата е оставен само со петмина судии.

Advertisements

„Јас повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Си го поставувам прашањето – дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација“, рече Кацарска.

Како што додаде Кацарска, засега бројката од пет судии е доволна за носење на одлуки, но, како што рече, одлучувањето по крупните предмети е полегитимно кога би се направило со вкупниот број од девет уставни судии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button