ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кацарска до пратениците: Неодговорни кон уставните обврски

Поради непополнетиот состав на Уставен, 24 предмети се уште немаат завршница. Претседателката на судот Добрила Кацарска образложи дека за овие случаи е потребно мнозинство на гласови за да се донесе одлука. Мнозинство нема, а Кацарска прстот повторно го впери кон пратениците, бидејќи судот функционира само со шест од потребните девет уставни судии.

Advertisements

„Темата со неизбирањето на судиите сѐ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни спрема уставните обврски. Беа избрани двајца нови судии кон крајот на октомври, еден се пензионираше во декември, што значи дека во овој момент недостасува една третина од вкупно предвидениот број на судии во Уставниот суд“, рече Кацарска.

На годишната прес-конференција, Кацарска ја оцени 2022 како година на неизвесност во функционирањето на Судот, бидејќи, како што додаде, петмина судии го презеле товарот да решаваат 130 предмети.

Кацарска рече дека успеале да заштедат со домаќинско работење, но побарани се пари за реконструкција на кровот кој протекува. Со кофи се собира вода во Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Архивот кои се смесетни во иста зграда.

„Што поради квалитет на изведба или лошо проектирање, за што јас не можат да коментирам, бидејќи не сум експерт, но очигледно се работи за протекување на вода од кровот, во две канцеларии на петтиот и четвртиот кат, во коишто е сместен Судот во зграда од седум ката“, додава Кацарска.

Кацарска очекува довербата на граѓаните во уставниот суд да е зголемена со оглед на резултатите постигнати изминатата година.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button