ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, денеска на прес-конференција ќе даде осврт на тригодишниот мандат како претседателка на највисокиот суд во државава. На Кацарска мандатот ѝ истекува на 2 јуни, до кога треба да се избере и нов претседател на Уставен.

Според Деловникот на Уставен, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои до крајот на месецов некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button