ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кавадарчанец под истрага за силување на 7-годишната ќерка

Обвинителите отвориле истрага против 42-годишен маж од Кавадарци за кого се сомневаат дека подолг временски период вршел полови дејствија кон неговата ќерка родена во 2016 година, соопшти денеска Основното јавно обвинитлество.

Advertisements

Основното јавно обвинителство од Кавадарци донело наредба за спроведување на 42-годишникот. Обвинителите го сомничат дека во повеќе наврати во текот на 2022 и 2023 година на својата ќерка со која живеел во иста семејна заедница и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на Обвинителството.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци по предлог на надлежниот овбинител на осомничениот му определ прритвор од 30 дена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button